Продавница Large Glass Journal 31/32
EN

Large Glass Journal 31/32

 

Единственото специјализирано списание во Македонија посветено на уметноста и теоријата е во издание на МСУ Скопје.

Бројот 31/32 на списанието ,,Големото стакло’’ е фокусиран на „Новата реалност“, реалноста обликувана од серија настани во текот на 2020 и 2021 година, како што се пандемијата, затворените граници, антагонизмите и национализмот, како и погрешните политики кон животната средина. Овој предизвикувачки контекст не само што создава ситуација на „политичка вонредност“, туку и потреба за уметнички практики кои изразуваат „состојба на вонредност“.

Автори кои преку различни прилози се застапени во новиот број се: Џон Пол Рико, Паула Серафини, Јонас Стал и Флоријан Малзехер, Шираз Гринбаум и Орен Зив, Фарес Чалаби, Алфредо Крамероти, Игор Штромајер, Борис Гројс, Мира Гаќина, Немања Цвијановиќ, Владимир Јанчевски, Кетрин Николс, Ким Нилсен, Јане Чаловски и Христина Иваноска, Валентино Димтровски, Зоран Петровски и Лилјана Неделковска.

 

Цена: 500,00 МКД

Најновите и поедини постари изданија може да се набават во продавницата на МСУ во работното време на музејот.

 

Новиот број на списанието The Large Glass Journal 33/34 – 2022, кое во издание на МСУ Скопје излегува на англиски јазик, овозможува критички пристап кон различни аспекти поврзани со (не)видливоста на Ромите, вклучувајќи текстови, визуелни проекти и други прилози кои ја тематизираат нивната  општествена исклученост.

Автори застапени во овој број на Големото Стакло се: Даниел Бекер (уметник), Кимо Грaнквист (професор по Pомски студии на Универзитетот во Хелсинки, Финска), Jоана Варша (кураторка) Естер Гиoјрги (професорка по Историја на Универзитетот по хуманистика во Будимпешта, Унгарија), Јуст Вандебруг (уметник), Сузана Милевска (теоретичарка и кураторка), Ивана Хаџиевска (историчарка), Моника Вајхерт (професорка по новинарство и комуникација на Универзитетот за Општествени науки во Варшава, Полска), Михаил Стојановски (Советник во Европскиот центар за ромски права), Аманда Буткес (професорка на Универзитетот Гуалф, Канада), Мира Гаќина (кураторка и директорка на Музејот на современата уметност во Скопје).

Списанието се печати на англиски јазик

Цена: 300 денари

Серија производи со иконичната бруталистичка архитектура, карактеристична за изградбата на пост-земјотресно, модерно Скопје во периодот од 1960/1980-те години.

Магнети со архитектурата на Музејот на современата метност од серијата МОДЕРНО СКОПЈЕ.

 

Prototyping Tenderness: A Personal Log of a Dying World е истражувачки проект на младата трансдисиплинарна дизајнерка Клелија Живковиќ. Во овој проект, како и во нејзината досегашна практика, таа се занимава со улогата на дизајнот и дизајнерот во сегашниот свет основан на акумулирање производи и нивно фрлање, а се занимава и со можностите за развој на таа негова улога во иднина. Како одговор на денешниот антропоцентричен и конзумеристички свет, таа ги нуди концептите на грижа и нежност. Човекот (човештвото) е во содејство и во врска со целиот жив и нежив свет, тој простор на допир и контакт е она што таа го вика нежност. Нè носи да ги разнежниме општествените и телесните граници и да излеземе од антропоцентричноста која овој свет го носи во пропаст. Во овој проект, Клелија поставува една постапокалиптична сценографија: денешниот свет веќе умира. Што ќе ни биде потребно за да дојдеме до светот што се раѓа?

Издавач: Private Print

Година: 2021
Димензии: 15,8х10 см
Број на страници: 112
Јазик: англиски

Цена: 600.00 MKD

Поттикнат од преставувањето на колекцијата МСУ-Скопје во Кунстхале Виена во 2023 година, ова издание на The Large Glass (Големото стакло) се насочува кон актуелните дебати во критичката музеологија и пристапите кон преиспитувањето на кураторските практики, музејските колекции, галериските простори и застапеноста на публиката. Во оваа насока се вклучени значајни оригинални прилози кои се однесуваат на релациите помеѓу критичките музеи,  претставувањето на културните различности, практиките на деколонизација, како и музеолошки концепти кои ги адресираат и вон-човечките простори.

Меѓу авторите застапени со свои  текстови се Катажина Муравска-Мутезиус, Соња Абаџиева,  Јесус Педро Лоренте, Бојана Пишкур, Марија Ѓорговиќ, Фиона Камерон, Адам Ночек, кураторскиот колектив WHW и други.

Главен одговорен уредник на списанието е Тихомир Топузовски

Соработници во уредувањето на овој број се Ивана Васева и Владимир Јанчевски.

Дизајнот на списанието е на Денис Сарагиновски

150 страни

Списанието излегува на англиски јазик

Цена: 500 МКД

Каталог од изложба:

Артур Жмиевски: Демократии/Реализам

Издава:

Музеј на современата уметност Скопје, 2021

Автори:

Мира Гаќина, Јованка Попова, Владимир Јанчевски

Графички дизајн:

Илиана Петрушевска

Корици и димензии:

Мек повез, 19,5 x 24,5 cm

Страни:

74

Цена: 200 МКД

Каталог од изложба

Издавач:

Музеј на современата уметност Скопје, 2022

Автори:

Мира Гаќина и Јованка Попова

Текст:

Мира Гаќина и Јованка Попова

Фотографија:

Роберт Јанкулоски, Маја Аргаќиева

Графички дизајн и уредување:

Илиана Петрушевска

Јазик:

Македонски со англиски превод

Страници:

86

ISBN 978-608-264-031-0

 

Цена: 250 МКД

Бележник со архитектурата на Музејот на современата метност од серијата МОДЕРНО СКОПЈЕ. Архитекти: В. Клишевски, Ј. Мокшињски, Е. Вјежбицки. Година на изградба: 1970

Серија производи со иконичната бруталистичка архитектура, карактеристична за изградбата на пост-земјотресно, модерно Скопје во периодот од 1960/1980-те години.

Монографија по повод ретроспективна изложба

Издавач:

Музеј на современата уметност, Скопје 2003

Автор:

Зоран Петровски

Текстови:

Зоран Петровски, Соња Абаџиева, Бојан Иванов

Ликовно уредување:

Стефан Георгиевски, Зоран Петровски, Душан Перчинков

Фотографија:

Јордан Чешмеџиски

Јазик:

Македонски, англиски превод

Корица и димензии:

мек повез, 28 х 23

Број на страни:

150

ISBN 9989-703-57-4

 

Цена: 800 МКД

Каталог од ретроспективна изложба: Јован Шумковски, Вода | Ѕид, 2020-2021

Издавач: Музеј на современата уметност Скопје, 2024

Автор: Зоран Петровски

Текст: Зоран Петровски, Владимир Јанчевски, и репринт на текстови од Небојша Вилиќ, Валентино Димитровски, Лазо Плавевски, Барбара Барш, Љиљана Неделковска, Викторија Васева Димеска

Фотографија: Станимир Неделковски

Дизајн и подготовка на каталог: Јован Шумковски, Михајло Мотески, Зоран Петровски,

Дизајн на корица: Јован Шумковски, Станимир Неделковски

Јазик: Македонски со англиски превод

Корица и димензии: мек повез, 22 х 27 см

Страници: 248

ISBN-13/978-608-264-016-7
COBISS.MK-ID 63658245

Цена: 1500 MKD

 

Кратка историја на курирањето е збирка од 11 интервјуа направени од славниот швајцарски куратор Ханс Улрих Обрист со пионерите на кураторската практика. Во нив, преку сеќавањата на овие пионери-куратори за својата практика, изложбите на кои работеле и кои биле битни за нив, институциите од кои биле дел, како и преку продлабочени осврти, се документира и запишува усната историја на курирањето.

Ова издание е прв превод кој го објавува PrivatePrint и, истовремено, прв превод на дело на Ханс Улрих Обрист на македонски јазик. Превод од англиски на македонски јазик: Невенка Николиќ

Издавач: PrivatePrint

Година: 2019
Димензии: 18х12.5 см
Страници: 248
Јазик: македонски

 

Цена: 350 МКД

 

 

Печатени маици со мотиви од дела од музејската колекција.

 

Цена 944,00

Поддржувајќи ги македонските стартап фирми, Музејот на современа уметност – Скопје во својата продавница ги нуди производите на „Лудус“, македонски моден бренд за безродова еколошки одржлива мода. Колекцијата се состои од монохроматски маици со издолжени пропорции, во црна и бела боја, изработени од памук со нула отпад, според заложбите на брендот за одржливо модно производство. Производите може да се носат и како фустани што ја отсликува безродовата визија на дизајнерот Драган Христов.
 
„Лудус“ е македонска модна етикета основана во 2010-тата година, една од ретките што прави пробив на интернационалниот пазар.  Добитник на BIG SEE Fashion Award во Љубљана, 2018, NJAL+ наградата на фестивалот „Assembly“ во Грац, Австрија во 2019 и WOW SHOW наградата на Љубљанската модна недела во 2020-та година. Колекциите на „Лудус“ се застапени во концептуални продавници во Европа и курирани веб продавници за независни дизајнери во САД, Велика Британија, Холандија, Германија и Словенија.
 
Бела асиметрична маица со кратки ракави:
Цена 4.248.00 денари
 
Бела асиметрична маица со долги ракави:
Цена 4.602.00 денари
 
 

Еден од најбараните сувенирии во музејската продавница: МСУ бележник/тетратка

Тврди корици со печатени мотиви од дела на Душан Перчинков, Кирил Гегоски, избор од музејските збирки, како и логото на МСУ Скопје. 

Цена 250 МКД 

Метално шише 

Декорирано со мотив на пејзаж од Кирил Гегоски

Цена: 600 денари

 

 

 

На Скопје, со љубов! – Архитектонската мисла на Живко Поповски е комплетна збирка на текстови, колумни и интервјуа кои архитектот Живко Поповски ги напишал и објавил во текот на својот живот, надополнета со авторски цртежи и два воведни текста од приредувачките.

Приредувачи: Анета Христова – Поповска, Мери Батакоја

 

Издавач: Private Print

Година: 2017
Димензии: 21×14,8 см
Страници: 271
Јазик: македонски

 

Цена: 490,00 МКД