Каталог по повод ретроспективната изложба на уметникот:
Издавач: НУ Музеј на современата уметност-Скопје, 202
Автори: Натали Рајчиновска Павлеска, Љиљана Неделковска
Текстови: Натали Рајчиновска Павлеска, Валентино Димитровски, Бојан Иванов, Љиљана Неделковска
Фотографии: Станко Неделковски, Лазо Плавевски, Иво Вељанов-Цици, Румен Ќамилов, Марин Димески, Љупчо Тануровски, Бојан Иванов и од документацијата на МСУ-Скопје
Графички дизајн: Илиана Петрушевска
Јазик: Македонски со превод на англиски
Корица и димензии: мек повез, 23 х 30 см
Страници: 148
COBISS.MK-ID 69585157
ISBN 978-608-264-052-5
17 октомври, 2026 година:
Дел од атмосферата за време на водството на Бојана Јанева низ актуелните изложби на Музејот на современата уметност и традиционалното саботно матине низ фотографиите на Маја Јаневска Илиева.
Со проектот „ПИЕТА ВО ПРЕКРИВКИТЕ НА УРГЕНТНОСТА“ на Велимир Жерновски, на 8 мај во 18:30 часот, ќе биде отворен Павилјонот на Република Северна Македонија, во рамките на 61. Венециско биенале. Претставувањето е во организација на Музејот на современата уметност Скопје, а куратори на павилјонот се Тихомир Топузовски и Аманда Буткез, додека комесар на проектот е Авни Ќаили. Локацијата на павилјонот е Spacious Castello 77, Arsenale – exit / Ponte delle Vergini, Венеција.
Претставувањето на националниот павилјон е поддржано од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија.
Каталог од меѓународната изложба организирана од Музеј на современата уметност – Скопје
27.11.2025 – 01.03.2026
Куратори:
Мира Гаќина и Јованка Попова
Претставени уметници:
Форензичка Архитектура
Денис Фереира да Силва и Арџуна Неуман
Дурмиш Ќазим
Џумана Мана
Палестински музеj
Зорица Зафировска
Превземи во ПДФ: Се што ни е заедничко: Институција која дише
Неуморниот Едукативен оддел под водство на кустос Бојана Јанева, придружени од уметници кои учествуваат во дел од тековните изложби во МСУ во декември 2025г. организираа редица активности приближувајќи ги уметноста, музејските програми и активизмот.
На 13 декември беше реализирана заедничка акција – уредување на патеката до МСУ со “Градинарот” како дел од поширока кампања “Институционални градини” на уметницата Зорица Зафировска. Работната иницијатива беше проследена со “МСУ Водич” на кустосот Бојана Јанева низ изложбите “Земјата која се промислува постојано” курирана од Рик Долфијн и Сѐ што ни е заедничко” курирана од Мира Гаќина и Јованка Попова во МСУ.
Фотографија: Маја Јаневска-Илиева
На 15 декември, во МСУ се реализираше прошетка низ изложбите „Земјата која се промислува постојано“ и „Се што ни е заедничко“ со учениците од IX-a одделение, под водство на наставничката Кристина Павлоска.
Учениците активно учествуваа и во едукативната работилница за изработка на семенски топчиња со Димитар Самарџиев од „Зелената арка“ организирана како дел од една поголема кампања на уметницата Зорица Зафировска, во рамките на изложбата „Се што ни е заедничко“.
Работилницата е наменета за деца и возрасни, кои ќе се запознаат со процесот на нивна изработка и корисност при засадување цветови, билки и дрвца во различни теренски региони и годишни времиња. Учесниците ќе научат како да спојат глина, семиња и ѓубриво за да создадат топчиња, кои ќе потпомогнат во обновувањето на цветните полиња и ливадите. Со нивна изработка и споделување учесниците се поттикнуваат да станат посветени чувари на животната средина.
Фотографии: Зорица Зафировска
THE LARGE GLASS 39/40, 2025
*Списанието се публикува на англиски јазик
CONTENT
INTRODUCTION:
RICK DOLPHIJN
06_ Thinking Earth:
RICK DOLPHIJN
in conversation with
MAJA AND RUBEN FOWKES
12_ Assemblages of Biocultural Enunciation: On Ferran Lega’s Thymus Vulgaris
CHRISTIAN ALONSO
18_ Words Cannot Capture the Swamp: How to Re-sense Swamp Life?
IRENA CHAWRILSKA
24_ As the Waves Water and Land… Thinking with Signe Lidén’s Tidal Sense
RICK DOLPHIJN
32_ Thinking with Thawing of the Frozen Rivers
KRISTIINA KOSKENTOLA
A PROJECT IN COLLABORATION WITH MANCHU SHAMANIC COMPOSER HAN XIAOHAN
42_ The Earth as the Non-Objective World: On Sunah Choi’s Monde
ALEX TAEK-GWANG LEE
46_ The Liquid Landscape in Situatedness
TIHOMIR TOPUZOVSKI
56_ Archipelagic Thinking on Floating Watersheds and Sunk Lands
TOSHIYA UENO
66_ CONCLUSION
The Earth is Thinking All Along… A Brief Travelogue in Concepts
CHRISTIAN ALONSO, IRENA CHAWRILSKA, RICK DOLPHIJN,KRISTIINA KOSKENTOLA, ALEX TAEK GWANG LEE, TIHOMIR TOPUZOVSKI, TOSHIYA UENO
EXHIBITIONS
76_ GROUP EXHIBITION
The Earth is Thinking All Along…
96_ SOLO EXHIBITION
Ibrahim Mahama
116_ COLLABORATIVE EXHIBITION
The East Remains Possible
128_ COLLABORATIVE EXHIBITION
Weaving Worlds: Collections in Dialogue
140_ COLLABORATIVE EXHIBITION
Forms That Fly
MATTHIEU LELIÈVRE
150_ GROUP EXHIBITION
All That We Have in Common
156_ 15TH BIENNIAL OF YOUNG ARTISTS
Tommorow Began Yesteday
NADA PRLJA AND SEBASTIAN CICHOCKI
168_ GROUP EXHIBITION
An Archive of Desires as a History of the Present
KUMJANA NOVAKOVA
174_ CONTRIBUTORS
Со задоволство соопштуваме дека уметникот Џем А. (@freezemagazine) подари две уметнички дела на Музејот на современата уметност – Скопје.
Неговите дела „Подни дела“ (2025) и „Музејот е привремено отворен“ (2025) ќе станат дел од уметничките збирки на музејот.
Со оваа донација, Џем А. го продолжува дијалогот што го започна со својата самостојна изложба во МСУ, отворајќи прашања за улогата на музејот како жив простор на заедничко создавање, грижа и преиспитување.
„Подни дела“ е тековна серија на скулптурални интервенции во форма на модифицирани знаци за претпазливост од „влажен под“. Секој објект содржи прилагодена порака што го имитира институционалниот јазик, истовремено поткопувајќи го неговиот авторитет преку спој на хумор и критика. Преку меметички стратегии, овие знаци функционираат како просторни интервенции чија логика се развива кумулативно и станува појасна со секоја нова средба.
„Музејот е привремено отворен“ е сајт-специфична уметничка интервенција која ја доведува во прашање претпоставената неутралност и стабилност на музејските институции. Поставувајќи низа хумористични и иронични „официјални“ знаци, Џем А. ја користи фразата како метафора за условноста на институционалното функционирање – нудејќи апсурдни, но длабоко точни опсервации за бирократските јазици на културата.
Хуморот во неговата работа функционира како критички механизам: музејот, наместо да се согледува како сериозен и стабилен „храм на културата“, се прикажува како привремен, кревок и условен простор – чија отвореност постои само во рамки на човечките фактори, кризите и административните ограничувања.
Со оваа интервенција, Џем А. го користи музејот како платформа за поширок дискурс за уметничкото производство, критиката и општествената улога на институцијата – отворајќи простор за сомнеж, хумор и дијалог.
Џем А. е познат како креатор на популарната страница за уметнички мемиња @freeze_magazine, но и по своите контекст-специфични инсталации и колаборативни проекти што истражуваат теми на опстанок, отуѓување и иронија во уметничкиот свет.
Неговите дела биле изложени во институции како Louisiana Museum of Modern Art, Barbican Centre, Berlinische Galerie, Museum Wiesbaden, и биле вклучени на documenta 15, Istanbul Modern, Mudam Luxembourg, Klima Biennale Wien, како и на 14. Биенале на млади уметници во МСУ Скопје. Како предавач, тој соработувал со Royal College of Art London, Central Saint Martins, HEAD Genève, HDK-Valand, и Universität der Künste Berlin.
Музејот на современата уметност со задоволство објавува дека е добитник на грант од Фондацијата Мондриан (The Mondriaan Fund) од Холандија. Средствата од грантот ќе бидат наменети за набавка на техничка опрема и поддршка на продукцијата во рамките на програмските активности на музејот. Благодарни сме на Фондацијата Мондриан за довербата и поддршката, како и на сите што придонесуваат кон остварување на нашата мисија.
Во четврток (25.09.2025), на заjдисонце, точно во 17:00 часот, ве очекуваме на “МСУ водич” со кустосот Бојана Јанева која ќе ве прошета низ трите новоотворени изложби во музејот: „Живко Поповски, живот посветен на архитектурата“; „Желбата можеби е, би можела да биде, како што секогаш е, блиску до љубовта“, архивски асемблаж и интервенција на Кумјана Новакова и „Музеј отворен до понатамошно известување“, самостојна изложба на Џем А.
Музички избор на Марсо – почеток 18:00 часот.
Определбата на 15. Биенале на млади уметници, ко-курирано од Себастиан Цихочки и Нада Прља, се фокусира на важноста на самиот процес на настанување на уметничките практики. Оваа определба делумно произлегува од историјата на Музејот на современата уметност – Скопје, каде што Биеналето на млади уметници започнува во 1987 година, воспоставувајќи институционална платформа за дијалог и експериментирање. Сосредоточувањето на самиот процес ја подразбира важноста на истражувањето, експериментирањето, дијалогот со публиката како и општествените контексти што ги откриваат состојбите во кои размислуваат и делуваат уметниците.
15то Биенале ќе започне на 18.11.2025 (МСУ – Скопје) и 28.11.2025 (Музеј на Македонија) и преку серија изложби и настани, на повеќе локации во Скопје и пошироко, ќе продолжи до финалната фаза во октомври 2026. Секој нов настан во рамките на Биеналето ќе создаде платформа за нова група на учесници. Концептот на ова Биенале го напушта форматот на претходните биеналиња (изложба во МСУ – Скопје и доделување награди), овозможувајќи динамична платформа за развивање на практики и дела во дијалог со кураторите и другите учесници во процесот. Новина е, исто така, дека 15. Биенале ќе биде дисперзирано и ќе се одвива на различни локации во Скопје и други градови со цел креирање на уметнички и културни изложбени модели кои нудат поврзување со различни социјални и урбани контексти.
15-то издание исто така ја преиспитува формата на Јавниот повик на Биеналето. Овој пат, учеството не е ограничено со возраст (до 35 години). земајќи во предвид дека праксата е нова, ниту само на учесници со формално образование (професионални уметници). Повикот е отворен и за дизајнери, архитекти, перформанс-уметници, писатели, студенти и други. Овaа промена во формата на повикот ги одразува и современите начини на работа, но претставува и рефлексија на некои од првичните импулси на Биеналето, кои се залагале за проширување на слободата на изразувањето.
Сите заинтересирани се поканети да испратат селекција на реализирани, но и проекти кои се во нивната почетна скицираност, односно во самата иницијална фаза на процесот на создавање, укажувајќи на форми кои се карактеристични за рани фази на творештво (Early Works) – како цртежи, макети, акции во јавен простор, графити, интервенции, перформанси, Concrete poetry, кратки видеа или радио-поткасти, итн., но исто така и дела кои се реализирани во „поконвенционални“ формати, како слики и скулптури. Кураторите потенцираат: „Заинтересирани сме за дела кои се елементарни, дури и „недовршени“ во својот изразен формат, но авангардни, автентични и радикално визионерски на идејно и концептуално ниво“.
Во согласност со овој повик, заинтересираните можат да ги испратат портфолијата или линковите до веб-страници и профили (Instagram итн.) со своите дела на mocaskopje.team@gmail.com, најдоцна до 24.08.2025. Ако делата се со идеја да бидат изведени на специфична локација (улица, јавна институција, итн.), наведете ја истата.