Настани Филм: ,,ЦРНАТА УМЕТНОСТ: ВО ОТСУСТВО НА СВЕТЛИНАТА”
EN AL

Филм: ,,ЦРНАТА УМЕТНОСТ: ВО ОТСУСТВО НА СВЕТЛИНАТА”

Вторник, 20. февруари 2024, во 19ч.

Со прикажувањето на документарниот филм ,,ЦРНАТА УМЕТНОСТ: ВО ОТСУСТВО НА СВЕТЛИНАТА’’ на режисерот Сем Полард, Музејот на современата уметност во соработка со Амбасадата на САД во Скопје и Американската филмскa галерија (American Film Showcase) се вклучува во одбележувањето на месецот на ,,Црната историја’’ и препознавањето на улогата на Афроамериканците низ историјата и ја одредува уметноста како платформа за постигнување социјална правда.

Семјуел Д. Полард е американски филмски режисер, монтажер, продуцент и сценарист. Неговите филмови имаат добиено бројни награди како Пибоди, Еми и номинација за Оскар. Во 2020 година, Меѓународната асоцијација за документарни филмови му додели награда за достигнување во кариерата. Спајк Ли, во чиишто филмови Полард учествува како монтажер и продуцент, го опишува како „филмски мајстор“, а Хенри Луис Гејтс Јуниор, делата на Полард ги карактеризира на следниот начин: „За мене  неговите документарци се надградба на корпусот, на начинот на раскажувањето на афроамериканската историја во различни димензии.“

,,Црната уметност: во отсуство на светлината’’ (85 минути) е филм за делата на повеќе афроамерикански уметници и нивниот придонес во светот на уметноста. 

Режија Сем Полард; продуценти Сем Полард и Дафне Меквилијамс; камерман Хенри Адебонџо; монтажер Стив Векслер; музика Катрин Бостик; продукција на ХБО, февруари 2021.

Влезот е слободен.

МИНАТИ НАСТАНИ

Процеси зад уметничкото дело од Душан Перчинков

01/10/2026 во 12,00

Дискусија со уметничката група Отолит

11/09/2026, во 12,00

Растко Мочник за капитализмот и уметноста

26/06/2026 во 19:00

Предавање на Кен Фридман

13/05/2026, во 19,30 ч.